Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо најави клучни преговори меѓу неговите претставници и Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо подолго време е една од најкоментираните играчи во првиот тим на Барселона, од едноставна причина што Уругваецот нема ставено потпис на нов договор, а истовремено е многу атрактивна опција за други европски великани.

Баерн Минхен во неколку наврати сериозно се распраша за стоперот кој немаше баш добар крај на сезоната, па оттаму се поставува и прашањето дали Жоан Лапорта, Деко и Ханси Флик на крајот ќе се решат да го продадат и да заработат многу пари од неговиот трансфер.

Барселона се уште е далеку од стабилна финансиска ситуација и секоја голема операција е добредојдена, а Араухо во касата на каталонците би донел најмалку 100 милиони евра.

Тоа е сума која сериозно отвора дилеми и кај водечките луѓе на клубот, но во овој момент стана јасно дека клучни за неговата иднина ќе бидат првите недели во месец јуни.

Самиот Араухо посочи дека неговите претставници наскоро ќе се соочат со водечките луѓе на Барса, по што ќе стане многу појасно дали и натаму ќе го носи дресот на каталонската гордост, или ќе бара друг предизвик.

– Максимално сум смирен и се чувствувам добро. Имам договор до 2026-та година со Барселона и сега моите претставници ќе се сретнат со водечките луѓе на клубот. Во овој момент сум насочен само на репрезентацијата и тоа што следи на Копа Америка, останатото ќе го договорат моите претставници. Кога не освојувате титула, сезоната во Барселона е лоша. Јасно е дека немавме добра сезона, – изјави Араухо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни