Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо: Јас го дадов животот за Барселона, клубот сега ми возврати

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роналд Араухо сериозно размислуваше да ја напушти Барселона и имаше отпочнато отворени преговори со Јувентус, но кога се чинеше дека е многу блиску до Торино, следеше повреда на Мартинез и нова шанса за Уругваецот во стартниот тим на Барса.

Во еден од своите први настапи, Араухо беше клучен фактор во освоената титула во Суперкупот и Барселона како клуб веднаш се погрижи да го разубеди во намерата да ја напушти Каталонија, па во неколку дена реши нешто што се одолговлекуваше речиси две години.

Барселона конечно му ги исполни условите на Араухо и му даде нов подобар договор, па откако стоперот стави потпис на истиот, стана јасно дека тој останува дел од тимот на Ханси Флик.

Уругваецот стави параф на договор кој ќе трае до 2031-ва година, па тоа е јасен сигнал дека неговите подалечни планови се поврзани со каталонскиот гигант.

– Сите знаат што се направив за да останам тука. Јас отсекогаш сум го давал животот за овој клуб. Го дадов животот за Барселона, а сега клубот ми возврати со обновувањето на договорот. Правев многу жртви откако пристигнав во 2018-та година, мислам дека го заслужив ова. Играв повреден, сум играл со болки, сум играл и веднаш по операција. Затоа велам дека го давав животот за Барселона во периодот кој измина, – потенцира Араухо кој вчера го постигна првиот гол оваа сезона на натпреварот против Аталанта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни