Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо ја префрла топката за својата иднина во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо и Пау Кубарси одиграа извонреден натпревар против Наполи во Лигата на шампионите и фантастично се надополнуваат во дуелите со Виктор Осимен, па затоа двајцата стопери добија највисоки оценки од страна на шпанските експерти.

Младиот Кубарси беше избран за играч на мечот и ја доби МВП наградата од страна на УЕФА, но доста интересна за фановите на Барса е и изјавата на Араухо, кој се смета за столб во одбраната на каталонците.

Уругваецот веќе подолго време е интересен за Баерн Минхен и германскиот великан планира да испрати сериозна понуда претстојново лето, па покрај тоа што говорел за добриот меч против Наполи, Араухо се огласил и за својата иднина по пласманот во четвртфиналето.

– Многу сме среќни со пласманот во четвртфиналето, одиграме извонреден меч на домашен терен. Нашата цел беше четвртфиналето и среќни сме сите во тимот. Неколкупати ги оставивме нивните напаѓачи во офсајд ситуации, тоа значи дека бевме одлично поставени.

– Мојата иднина? Мојата иднина зависи од клубот. Цел свет знае дека сум среќен тука во Барселона, а воедно сум благодарен на сите во клубот и посебно на тренерот Чави, – изјавил Араухо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни