Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо има специјална клаузула со која може да ја напушти Барселона во јули

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Роналд Араухо беше поврзуван со трансфер во Јувентус во јануари, но на крајот остана во Барселона и потпиша нов договор со шпанскиот клуб.

Уругваецот има обврски кон Барса до 2031 година, а Каталонците се заштитиле и со откупна клаузула од 1 милијарда евра, која ќе ги откаже другите клубови да размислуваат за дефанзивецот без конкретни преговори за услови кои му одговараат на клубот.

Но, шпанска „Марка“ откри и дека во новиот договор на Араухо има една специфична клаузула, која ќе му овозможи на дефанзивецот да ја напушти Барселона само во одреден период од годината, односно следниот преоден рок.

Медиумот тврди дека од 1 до 10. јули, Араухо може да замине доколку некој клуб плати 70 милиони евра, а по овој период ќе се врати во сила недопирливата откупна клаузула, која ќе важи до крајот на неговиот договор.

„Марка“ потенцира дека клаузулата важи само за конкретниот период и само за 2025 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни