Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо има јасна цел и за истата го информирал раководството на Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо има јасна цел во актуелниот преоден рок и таа не оди во прилог на тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Германскиот стручњак истакна дека очекува дефанзивецот да остане во неговиот тим и наредниот период, но каталонските медиуми потенцираат дека Араухо веќе ја соопштил конечната одлука.

Уругваецот побарал од раководството на клубот да му овозможи да го реализира трансферот во редовите на Јувентус и на тој начин да започне нова етапа во својата интернационална кариера.

Араухо им го кажал истиот став и на своите соиграчи, потенцирајќи дека едвај чека да ја напушти Барса, потег кој ги налутил членовите на стручниот штаб и челниците.

Проблем за Јувентус е трансфер сумата која ја бара шпанскиот ривал, но постои оптимизам дека двете страни ќе можат да се договорат за компромисно решение.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни