Свет
Араухо го патосираше Ендрик, Рафиња влезе во конфликт со соиграчот од Барса (Видео)

Уругвај го победи Бразил во пенал рулетот и се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, но Марсело Биелса во оваа фаза нема да може да смета на еден од лидерите во тимот.
Роналдо Араухо заработи повреда и со загрижувачки гримаси го напушти теренот, па претпоставките се дека стоперот ќе ја пропушти и првата фаза од подготовките со Ханси Флик во Барселона.
Уругвајскиот стопер не го криеше разочарувањето во 33-та минута, но претходно беше дел и од една мешаница која токму тој ја иницираше.
Араухо го патосираше Ендрик откако директно се заби во него, а овој потег предизвика тензија на теренот и видовме несогласување меѓу двајца соиграчи од Барселона.
Рафиња не остана должен и му забележа на Араухо за некоректниот потег, па страста мораше да ја смируваат останатите фудбалери кои беа доста поладни во дадената ситуација.
I will forever respect Raphinha for defending Endrick from that immature dog Araujo pic.twitter.com/bXHAR0hT7x
— fan account (@Asensii20) July 7, 2024
Araujo bumps Endrick and Raphinha retaliates 😳 pic.twitter.com/W59n5pOFIb
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2024
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон