Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо ги расчистил сметките со Гундоган: Тоа останува зад нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Играчите на Барселона очекувано не беа премногу расположени за давање изјави по поразот од Реал Мадрид во најновото „Ел Класико“ дерби, но еден од ретките кои застанал пред новинарите бил и Роналд Араухо.

Трагичарот од четвртфиналето со ПСЖ мина неколку турбулентни дена во кои доби и жестоки критики, но мораше да се носи и со товарот кој му го наметна еден негов соиграч.

Илкај Гундоган беше доста дрзок и порача дека Араухо погрешно ја проценил цела ситуација со Баркола и го оставил тимот на цедило, но откако со доста сериозен коментар се јави и стоперот, сега двајцата ги расчистиле недоразбирањата.

По поразот од Реал, Араухо дал кратко образложение за бурната изјава на Германецот, заклучувајќи дека непријатната епизода останува зад нив.

– Ги расчистивме работите со Илкај, разговаравме и ми се извини за неговата изјава. Се е во ред, продолжуваме понатаму. Ова беше многу тешка недела за мене, но ментално сум силен и затоа играм во клуб како Барселона. Сите знаат дека секогаш оставам се од себе на теренот, никој не може да ми забележии за мојот став на теренот, – изјавил Араухо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни