Поврзете се со нас

АТП

Арапите вложија нестварни суми за тенискиот спектакл во Ријад, но ги шокираа фановите со големиот пропуст (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Големите тениски ѕвезди прифатија да бидат дел од историската егизбиција во Саудиска Арабија, земја во која кралското семејство реши да организира свој турнир наречен „Слем на шесте кралеви“.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал како најголеми ѕвезди со тениски стаж имаат директно место во полуфиналето, а денешниот ден почна со мечот меѓу Јаник Синер и Данил Медведев.

Италијанецот го „збриша“ Медведев со 6:0 и 6:3 и се пласираше во полуфиналето каде противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ, додека победникот од дуелот меѓу Алкарас и Руне ќе оди на Надал.

Секој од шесте учесници за самото појавување во Саудиска Арабија ќе инкасира по 1,5 милион евра, а победникот на турнирот ќе инкасира дополнителни и неверојатни 6 милиони евра.

Нестварните премии од кралското семејство во Саудиска Арабија ги привлече најголемите тениски имиња, но фановите првиот ден останаа шокирани од организацијата, бидејќи поставената камера над теренот не овозможува нормално следење на мечот.

Висината на камерата не дозволува вистинско уживање за тениските фанови, кои непрекинато се жалат на социјалните мрежи и потенцираат дека „парите не можат да ја купат тениската култура“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни