Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Аранутовиќ откако ја искористи третата стопроцентна шанса: По второто промашување, доживеав неверојатен момент

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Марко Арнаутовиќ принудно влезе на стартот на вториот дел и го замени повредениот Маркус Тирам, а во овие 45 минути се претвори во главна карика на фудбалскиот терен.

Искусниот напаѓач најпрво пропушти две големи шанси од кои посебно чиста беше онаа втората по двојното додавање со Лаутаро Мартинез, но иако во тие моменти се доби впечаток дека нема своја вечер, на крајот дочека уште една прилика.

Правилото „трета среќа“ запали за австрискиот голгетер и Арнаутовиќ погоди за 1:0 во својата трета стопроцентна шанса, а по големата победа над Атлетико Мадрид посочи дека заслужни за тоа се неговите соиграчи и навивачите.

– Ова е еден од најважните голови во мојата кариера. Минав низ тежок период, не ми беше лесно со повредите. Ми беше потребно време да се вратам и имав многу нереализирани шанси.

– Не го правев она за што сум тука, постигнување голови. Кога не ја реализирав и втората стопроцентна шанса, помислив дека нема да дадам гол. Но, фановите и соиграчите покажаа дека се зад мене и во тие моменти. Доживеав неверојатен момент по второто промашување и фановите и соиграчите ми дадоа енергија да се борам и да постигнам гол, – изјави Арнаутовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни