Поврзете се со нас

Италија

Апсурдна ситуација: Милан го плаќа 4 милиони евра, а не се појавил во клубот со месеци (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Дивок Ориги своевремено беше еден од хероите на Јирген Клоп и голем дел од фановите на Ливерпул ќе се сеќаваат на неговата јуначка партија против Барселона во Лигата на шампионите, но и на низа други важни голови кои ги даде во црвениот дрес.

Белгиецот со своите изданија во Ливерпул си загарантира посебен статус на „Енфилд Роуд“, но откако ја напушти Англија како слободен агент во 2022-ра година, неговиот фудбалски пат е навистина бизарен и неверојатен.

Ориги се пресели во Милан и доби навистина висока плата поради тоа што пристигна без да биде платена отштета за него, но две години подоцна, никој во клубот не знае што точно прави некогашниот белгкиски репрезентативец.

Златан Ибрахимовиќ на стартот на летниот преоден рок најави дека Ориги не е во плановите на клубот и дека нема за заигра за Милан, клуб за кој последниот настап му датира од пред 18 месеци.

Ориги минатата сезона ја мина на позајмица во Нотингем Форест и последниот меч за Милан го одигра во мај 2023-та година, но откако целосно беше ослободен од обврските во првиот тим на Милан, Ориги воопшто не се појавува во тренинг комплексот на „росонерите“, иако е пријавен како играч на „У23“ тимот.

„Газета дело Спорт“ открива дека Ориги во последно време одработува индивидуални тренинзи во Рим и во Фиренца со цел да остане во форма, но во меѓувреме, си ги добива сите пари од потпишаниот договор кој го има со Милан.

Четирите милиони евра според договорот му се загарантирани на Белгиецот до 2026-та година, па оваа ситуација е посебно бизарна и апсурдна за самиот клуб, кој сега се доведе во ситуација да исплаќа големи пари на фудбалер на кој воопшто не смета тренерот Пауло Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни