Поврзете се со нас

Свет

Апсолутен хит во Холандија: Фан на Твенте изведе „невозможна мисија“ со 48 пива во рацете (Видео)

Објавено

на

Олабавувањето на мерките во Европа ја врати страста и животот на фудбалските терени, од едноставна причина што верните фанови сега можат да уживаат во игрите на своите миленици.

Панедмијата на коронавирусот само не потсети дека фудбалот нема никакви смисла без навивачите на трибините, па во моменти кога поранешното нормално сега одново станува рутина, апсолутен хит во Холандија стана еден фан на Твенте.

Кристијан Ретгеринг се претставува себеси како страствен фан на Твенте на свои 23 години, а изминатиот викенд, доби планетарна популарност поради „невозможната мисија“ која си ја зададе, но која успешно ја завршил.

Навивачот на Твенте успеал да однесе 48 пива во една тура до местото каде седел со своите пријатели, па сега својата приказна ја сподели и за медиумите.

– Секогаш одам на стадион со група пријатели и секојпат еден од нас има задача да донесе пива на трибината. Овојпат, редот беше на мене. Се обидов да не се мачам со одење и враќање во повеќе наврати и решив се да завршам се со една посета. Морав да пресконам една ограда и да одам по скалите, но на крајот, се заврши добро. Сепак, ова не е рекорд, мојот пријател Јохен ни има донесено 50 пива во една тура, – открива навивачот на Твенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни