Апелите на Гвардиола стигнаа до УЕФА: Колина им испрати јасна порака на судиите

pierluigi-collina

Пеп Гвардиола последниов период беше најгласен со апелите до судиите повеќе да ги штитат фудбалерите од опасните стартови, а мотив му беше тој над Лерој Сане,  поради кој Германецот мораше да паузира неколку недели.

Таков став делат и многу други тренери, а очигледно имаше влијание и врз официјалните лица на УЕФА кои со официјално соопштение им порача на судиите да го заштитат имиџот на фудбалот. Пораката до европските судии лично ја испрати Пјерлуиџи Колина.

– Потребно ни е фудбалерите да играат фудбал, па затоа мора да ги заштитиме. Не сакаме ситуации кога иднината на фудбалерите е ставена во прашање поради сериозна повреда иницирана од груб старт. Без разлика дали има или нема намера, фудбалерот кој го прави стартот ризикува да повреди некого.

– Фудбалерите мора да разберат дека треба да ги почитуваат противниците и да се однесуваат на начин на кој сакаат другите да се однесуваат со нив, – вели во својата порака Колина, легендарниот италијански судија кој е прв човек на судиската комисија на УЕФА.

Во пресрет на осминафиналните средби од Лигата на шампионите, Колина им порача на судиите да не дозволуваат притисок на група фудбалери кога ги носат одлуките, нешто што Италијанецот го нарекува мобинг врз официјалните лица.

Facebook Коментари