Поврзете се со нас

Шпанија

Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дисциплинците во шпанската Федерација го помилуваа Винисиус Жуниор и со оценката дека не извршил агресија врз Столе Димитриевски му доделија казна од само два меча, но Реал Мадрид како клуб се пожали и на оваа одлука, односно достави жалба за целосно смалување на суспензијата.

Според правилникот, фудбалери кои покажуваат било каква агресија кон еден ривал, временската рамка за одлежување казна е од 4 до 12 натпревари, но дисциплинците решија да ја преполоват најниската суспензија, па така Бразилецот доби само два меча за ударот кој му го зададе на Столе.

Реал експресно ја обжали оваа одлука и побара суспензијата да биде целосно повлечена, но барањето на „кралевите“ сепак не пројде и кај Апелацискиот суд.

Повисокостепениот спортски суд во Шпанија денеска донесе пресуда и нагласи дека се задржува казната од два меча за Винисиус, или поточно, го отфрла барањето кое го доставил шпанскиот шампион.

Поради тоа што казната не се пренесуваше во Суперкупот, Вини можеше да игра на турнирот во Џеда, но сега ќе мора да одработи суспензија во домашното првенство на натпреварите против Лас Палмас и Валјадолид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни