Италија
Антонио му купи време на Гарсија: Позната причината поради која Конте го одбил Наполи

Аурелио Де Лаурентис индиректно призна дека преговара со други тренери кога говореше за иднината на Руди Гарсија пред два дена, а веќе вчера пристигна информација дека ја добил и првата „корпа“.
После само два месеци од стартот на сезоната, газдата на Наполи се сомнева во одлуката која ја донесе изминатово лето, но Французинот Гарсија засега го „преживеа“ првиот налет, а главна причина за тоа е Антонио Конте.
Италијанецот му купи време на својот колега со негативниот одговор кој му го дал на Де Лаурентис, а за кој денеска пристигна интересно објаснување од угледната „Газета“.
Конте вчера самиот се огласи и порача дека во моментов само планира да мине квалитетно време со своето семејство, но „Газета“ открива дека зад негативниот одговор на Антонио се крие нешто друго.
Поради своите методи и принципи на работа, Конте смета дека им е потребно време на фудбалерите за да се навикнат на неговите тренинзи, а бидејќи еден од неговите главни услови е да преземе тим неколку месеци пред стартот на сезоната, лесно се справил со Де Лаурентис и понудата која ја добил од италијанскиот првак.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 16 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)