Англија
Антонио испрати прва слика откако и „избега на смртта“ (Фото)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2023/08/antonio-bouven-vest-hem.jpg)
Англиските медиуми го искористија последниот ден од годината за да информираат дека Мајкл Антонио е пуштен од болница на домашно лекување, а бидејќи оваа вест привлече големо внимание, со порака се јави и самиот фудбалер.
Напаѓачот на Вест Хем буквално и побегна на смртта и излезе без посериозни последици од неговото смачкано Ферари, автомобил кој целосно беше уништен по тешката сообраќајна несреќа која ја иницирал самиот Антонио.
Неполн месец по немилиот инцидент, Антонио може да стои на свои нозе со помош на патерици, па по повод новата 2025-та година, реши да испрати порака до сите негови следбеници на социјалните мрежи.
– Секоја година во овој период ме прашуваа за што сум благодарен, а јас секојпат се борев да ги најдам вистинските зборови. Но, оваа година точно знам за што сум благодарен. Благодарен сум за тоа што сум жив. Минав толку многу години земајќи го животот здраво за готово, правев планови за следниот ден, за следната година, секогаш мислејќи дека утрешниот ден ми е загарантиран.
– Гледав како блиски пријатели умираат, бев сведок на други кои се соочува со искуства блиски до смрт, но дури и тогаш не сфаќав сериозно колку е скапоцен животот. Она што го преживеав неодамна ми ги отвори очите. Животот е многу кревок и секој момент од него е многу важен. Благодарен сум на Бог што ми даде сила да продолжам и што ми дозволи да останам тука.
– Благодарност до службата за итни случај, до брзата помош, до сите во Вест Хем. Лекарскиот тим, бордот на директори, целиот персонал беше неверојатен со мене. Тука се и моите соиграчи и неверојатните навивачи на Вест Хем…… Немаше да го пребродам ова без вас, ви благодарам од срце. На најблиските кои беа до мене во најтешките моменти, не можам да опишам колку ми значите…..
– За крај, големо благодарам до цела фудбалска заедница, ви благодарам за сета љубов и поддршката која ми ја покажавте. Тоа навистина ми значеше многу, ве сакам сите и бескрајно сум ви благодарен. Среќна Нова година, наскоро ќе се вратам на теренот, – гласи пораката на Антонио.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…