Поврзете се со нас

Англија

Антонио: И погледнав на смртта во очи, но ќе му се вратам на фудбалот

Објавено

на

Foto:x.com/WestHam

Мајкл Антонио имаше ужасен инцидент на крајот на 2024-та година, кога за малку и „побегна на смртта“ во ситуација кога имаше страшна несреќа со своето Ферари.

Напаѓачот на Вест Хем избегна голема трагедија и имаше огромна среќа во дадената ситуација, а непочни четири месеци по немилиот настан, Антонио сега многу помирно и посталожено гледа на целиот настан.

Голгетерот на „чеканите“ вели дека работи по шест дена во неделата за да си ја оствари големата цел за враќање на терените, но истовремено и откри на јавноста дека немал воопшто добро чувство за автомобилот, кој за малку ќе му го одземеше животот во месец декември.

– Имав долг пат од местото на настанот до болницата, а ми кажуваа дека постојано сум зборувал, иако не сум свесен за тоа. Мојата нога беше целосно уништена, се сеќавам дека чекав долго за да бидам изваден од автомобилот. Додека чекав спас, можев да размислувам и имав чудно чувство во стомакот. Сфатив колку бев блиску до смртта, и погледнав на смртта во очи. Ги видов сликите од местото на настанот, но во живо беа 10 пати полоши. Автомобилот беше целосно уништен и ногата ми беше здробена.

– Не се чувствував сигурно во тој автомобил уште од првиот ден, задниот дел од автомобилот постојано ми бегаше…… Го имав само три седмици и размислував да го вратам пред да се случи големата несреќа.

– Ова е најтешката повреда во мојот живот, ми рекоа дека ќе паузирам од шест до дванаесет месеци. Поради напорната работа, лекарите велат дека сум скратил три месеци, па сигурен сум дека ќе се вратам на терените. Не знам кога ќе биде тоа, но сигурен сум дека ќе се вратам, – вели Антонио.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни