Поврзете се со нас

Англија

Антони за најдобриот соиграч во Јунајтед: Имаме една фраза-трпеливиот човек е непобедлив!

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Антони пристигна како големо засилување за Манчестер Јунајтед во 2022 година, меѓутоа тој дефинитивно не ги оправда очекувањата и не ја направи посакуваната разлика која сите ја очекуваа на „Олд Трафорд“.

Тој имаше проблеми со формата, констатноста во настапите, проблеми и надвор од теренот и сето тоа придонесе да биде разочарување и голем знак прашање е дали ќе продолжи во Јунајтед и по крајот на актуелнава сезона. Секако како во животот така и во фудбалот работите можат да се променат особено ако имате поддршка од најблиските опкружувањето, а Бразилецот особено му е благодарен на Диого Дало.

-Многу сум благодарен на Бога и на еден пријател со кого многу разговарам. Диого Дало ми е повеќе од пријател, тој е човек кој ми помага секој ден во клубот. Имаме една фраза која секогаш си ја кажуваме: трпеливиот е непобедлив. Секогаш зборуваме за тоа. Затоа, многу сум му благодарен за советите, за моментите што ги имавме заедно. Тој е човек кој многу ми помогна, -обелодени офанзиевцот за официјалниот веб сајт на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни