Поврзете се со нас

Англија

Антони се разигра во нападот, Тен Хаг подзаборави на проблемите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше кошмарен натпревар против Севилја во Лигата на Европа, но само три дена подоцна, мораше да заборави на сите проблеми и да се насочи кон новиот предизвик во Премиер лигата.

Повредните на Маркус Рашфорд, Рафаел Варан и Лича Мартинез сериозно го нарушија нормалниот избор на стартната постава за Тен Хаг, кој непосредно пред стартот на мечот доби уште една лоша вест.

Сабицер се повреди на загревањето и отпадна од игра за настап против Нотингем Форест, но и покрај сите неповолни околности, Јунајтед успеа да оствари нова победа во Премиер лигата.

Најзаслужен за тоа беше разиграниот Антони, кој најпрво постигна гол во првото полувреме по обидот на Марсијал, а потоа брилијнтно додаде до Дало кој ги постави конечните 2:0.

Со ова негово издание, Антонио му овозможи на Тен Хаг за момент да подзаборави на проблемите и помирно да се подготвува за реваншот со Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни