Шпанија
Антони испорача величествена асистенција до Иско, па заработи црвен картон поради опасен старт (Видео)

Антони продолжи со своите блескави изданија во новиот клуб, но за жал, Бразилецот во финишот од мечот со Хетафе направи и еден непотребен потег поради кој сега ќе го пропушти натпреварот со Реал Мадрид.
Фудбалерот кој е позајмен од Манчестер Јунајтед фудбалски се препороди во дресот на Бетис, а тоа го потврди со уште една величествена акција при првиот гол на гостите, кои на крајот победија поради двата погодоци на Иско.
Антони претрча 60-тина метри и со својот продор потсети на некогашните акции на Лео Меси, но за да биде уште посовршено, Бразилецот испорача и точна асистенција до Иско кој стрелаше за 0:1.
Поранешната ѕвезда на Реал во вториот дел стрелаше од пенал за 0:2, додека Хетафе во финишот се избори за подостоен пораз од 1:2.
Во судиското продолжение видовме и два црвени картони, еден на Антони поради опасен старт, а потоа и на Дуарте поради втор жолт картон.
Продорот и асистенцијата на Антони погледнете ги ТУКА
Стартот за црвен картон погледнете го ТУКА
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)