Поврзете се со нас

Англија

Антони ги искара легендите на Јунајтед: Нивните коментари се злонамерни

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Актуелната сезона на Манчестер Јунајтед донесе и многу критики за голем дел од фудбалерите на „црвените ѓаволи“, а во овој елемент не се штедат ниту легендите на клубот предводени од Рио Фердинанд, Гери Невил и Пол Сколс.

Изминатиот период многу критики заработи и Антони, за кого Јунајтед плати висока отштета, а има скромен придонес во тимот на Ерик тен Хаг, додека во меѓувреме остана без настапи и поради проблеми во приватниот живот.

Бразилецот по долго време излезе во јавноста и се пожали на легендите, кои според него се злонамерни и не се конструктивни.

– Гледам критики во медиумите, кои најчесто доаѓаат од поранешни фудбалери на клубот.

– Нивните неразумни ставови влијаат на илјадници фанови, а често пристигнуваат кога не ни настапувам за екипата.

– Никогаш не сум прочитал да кажат нешто што би ми помогнало да бидам поголем професионалец, а никој од нив не ми ни испратил порака да праша како се чувствувам во овој тежок период во мојот живот. Би сакал да знам како истите овие би се снашле ако беа на мое место, – истакнал Антони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни