Поврзете се со нас

Шпанија

Антони дебитираше со МВП издание во шпанската Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RealBetis_en

Антони реши да си бара нов клуб во кој ќе има далеку поинаква улога од онаа што ја доби во тимот на Рубен Аморим, па Бразилецот со голем ентузијазам се пресели во Бетис, тим за кој вчера дебитираше во шпанската Ла Лига.

Големото засилување за андалузискиот клуб брзо дојде до израз и беше прогласен за МВП од Ла Лига на првиот натпревар во шпанскиот фудбал, пред се поради тоа што беше најзаслужен за првиот гол на Бетис, но и поради низата добри потези кои ги имаше на теренот.

Антони беше најзаслужен за лесниот гол кој го постигна Иско во раната фаза од мечот, па иако Бетис дојде и до предност од 2:1, на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Атлетик Билбао се врати во два наврати и успеа да извлече бод на „Бенито Виламарин“, стадион кој вчера се понадева дека ќе почне да го гледа најдоброто лице на Антони.

Бразилецот беше повлечен од игра по 72 минути игра, но добриот впечаток кој го остави направи да биде МВП на натпреварот на кој имаше четири различни стрелци.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни