Антон Златков победник на „Державин 2019“

anton zlatkov derzavin 2019

Антон Златков е победник на младинскиот шаховски турнир „Державин 2019“ што викендов се одигра во Битола, при што бодовно беше изедначен со Андреј Велјановски, но Златков беше подобар по „тај-брејк“ криетериумите.

Обајцата освоија по 6 бода од 7 партии, играјќи на два пати реми и пет пати победувајќи, па дури и нивниот меѓусебен меч заврши без победник. Така, на крајот судиите мораа да изберат еден од нив, па согласно пропозициите Антон Златков како играч со подобар Бухолц (збир на освоените поени од противниците со кои играл), го понесе епитетот како победник.

За 12-годишниот Златков ова е втор освоен турнир во отворена конкуренција, откако во септември за прв пат славеше на турнирот „Езерска кралица“ во Струга, со што уште еднаш го потврди својот мандат како најперспективен млад шахист во Македонија. Зад второпласираниот Велјановски, кој пак славеше на турнирот „Квалитет“ одигран во мај и имаше импресивен настап со младинската репрезентација до 16 години во Турција, на делба на третото место со по 5 бода беа Стојан Велкоски и Леонид Петрески додека на петтото место е уште еден млад и надежен шахист, Кирил Николосвки со само 10 години, кој е предводник на поголема група играчи со освоени 4,5 поени.

pobednici derzavin 2019

Facebook Коментари