Антологиско полуфинале во Стокхолм: Хрватска ја урна Норвешка по 80 минути игра!

hrvatska-norveska

Првото полуфинале кое вечерва се одигра во Стокхолм беше антологиско, бидејќи Хрватска и Норвешка се погрижија за нестварен ракометен маратон и драма која сигурно ќе се прераскажува со години.

На двете селекции им беа потребни неверојатни 80 минути игра за да се одлучи победникот, а на крајот како херој се истакна кружниот напаѓач Муса кој во последните секунди од второто продолжение од 10 минути стави точка на лудиот меч. Конечните 29:28 за „каубоите“ се одраз на фантастичниот борбен дух на Хрватска, бидејќи во првото продолжение, Дувњак погоди од пенал за израмнува и нови 10 минути.

Во вторите 10 минути, на крајот како одлучувачки се покажа првиот гол на Муса на натпреварот, откако претходно Јоханесен ја погоди само стативата од голот на Шего. Со ова се стави крај на несекојдневната и епска драма во „Теле2“ арената во Стокхолм, по што Лино Червар остана во игра за прв златен медал на Европските првенства, единствениот кој му недостасува во неговата ризница од богати трофеи на големите натпреварувања.

Што се однесува до статистиката, покрај херојот Муса, мора да се издвои извонредната партија на капитенот Дувњак кој постигна осум гола, но и клучната асистенција на Карачиќ по која Хрватска се избори за големо финале. На спротивната страна, Сагосен постигна дури 10 погодоци, но на крајот недоволни за прво финале на Норвешка на Европските првенства.

Facebook Коментари