Антиќ и Звезда прокнижија нова победа во АБА лигата

pero

Кошаркарите на Црвена Звезда ја остварија осмата победа во десеттиот натпревар во АБА регионалната лига.

Бранителот на пехарот во ова натпреварување славеше над Игокеа со 85-80. „Црвено-белите“ имаа контрола на теренот, врз резултатот и дојдоа до посакуваната цел и нови два бода.

Рочести со 20 и Дангубиќ со 12 беа напрецизни во тимот од Белград за кој Перо Антиќ уфрли три поени, 2 скокови, една асистенција и украдена топка. Листата на стрелци кај Игокеа ја предводеше Рикиќ со 23 поени.

Во првиот денешен меч Мега загуби од Задар со 73-71, нашиот Предраг Самарџиски постигна 5 поени и собра 2 скокови.

Facebook Коментари