Антиќ и Звезда најдоа решение за жилавата Олимпија

pero zvezda

Екипата на Црвена Звезда добро се испоти за да дојде до 12 сезонска победа во АБА лигата.

Имено словенечкиот претставник Петрол Олимпија вечерва се претстави во одлично светло во салата „Александар Николиќ“, одлучуваа нијанси кои овој пат беа на страна на домаќините за конечни 80:76.

Рочести даде 16 поени, Фелдин и Дангубиќ по 13, додека нашиот Перо Антиќ за 18 минути реализираше 2 поени, 5 скокови, 1 асистенција и 1 украдена топка.

Морган и Шпан за гостите постигнаа по 15 поени.

Новиот предизвик за „црвено-белите“ е на 5 јануари и тоа пред своите навивачи во Евролигата против одличниот сезонава Жалгирис.

Facebook Коментари