Антиќ и Звезда ја прекинаа победничката серија на незгодниот Жалгирис

pero odbrana

Македонскиот центар Перо Антиќ со Црвена Звезда славеше над незгодниот Жалгирис со 77-65 во вечерашниот меч од 16. рунда во Евролигата.

Клубот од Литванија допатува во Белград со пет победи во низа, но ова не ги исплаши „црвено-белите“ кои со една тимска игра и бодредени од публиката во салата „Александар Николиќ“ дојдоа до седмиот сезонски триумф. Листата на стрелци кај победниците ја предводеа Рочести со 16 и Давидовац со 13 постигнати поени.

Антиќ пак беше на теренот 19 минути за кои уфрли 5 поени, 5 скокови и украде 3 топки.  Понгос со 19 кошеви, 7 скокови и 3 асистенции беше најсветла точка кај Жалгирис.

Facebook Коментари