Антиќ и Звезда ја добија првата битка со Морнар во полуфиналето на АБА лигата (Видео)

pero

Составот на Црвена Звезда поведе со 1-0 против Морнар во полуфиналната плеј-оф серија во АБА регионалната лига.

„Црвено-белите“ комплетно го надиграа противникот од Бар и славеа убедливо со 91-63 во меч во кој главниот збор го имаше Џејмс Фелдин со 23 поени, 1 скок, 4 асистенции и 2 украдени топки.

Одличен учинок имаше и Бјелица кој реализираше 17 кошеви, додека нашиот Перо Антиќ за 13 минути даде 5 поени со 2 скока и 1 асистенција.

Втората средба се игра на 25 март во Црна Гора.

Facebook Коментари