Антиќ и Звезда изненадени: Партизан го освои трофејот во Купот на Србија

pero zvezda

Иако Црвена Звезда важеше за огромен фаворит, составот на Партизан е освојувач на најновото издание на Купот на Србија.

Во вечерашното финале во салата „Чаир“ во Ниш „црно-белите“ беа подобри и го надиграа својот голем ривал со 81-75.  Големиот успех тимот на Партизан го најави во првиот дел во кој го спушти противникот на 31 постигнат кош (49-31), односно направи позитива од 18 поени.

Звезда во вториот дел заигра подобро и во последниот период на 4:50 до крајот дојде и до минус три (69-66), но тоа беше се бидејќи избраниците на Чанак го возвратија ударот, го издржаа притисокот и успеаа некако да го приведат мечот докрај и да не дозволат да им пропадне она што го градеа за време на целиот натпревар.

Вилијамс-Гос со 23 поени и 7 асистенции беше лидер кај победниците, додека Дангубиќ и Лесор за Звезда уфрлија по 14 поени. Перо Антиќ се врати по повредата и одигра само седум минути во кои постигна два поени од линијата за слободни фрлања.

Facebook Коментари