Антиќ и Звезда го разбија Партизан (Видео)

pero-soigraci1

Тимот на Црвена Звезда од кој дел е и поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ издвојува убедлива победа над вечниот ривал Партизан од 87-62 во првиот меч од полуфиналето во српскиот шампионат.

„Црвено-белите“ дојдоа до предност и контрола на резултатот од првата четвртина (23-15), па во продолжението само ја одржуваа и зголемуваа позитивата со тоа што завршниот удар го дадоа во последните десет минути (26-10). Рочести со 22 поени, 6 скока и 5 асистенции беше најрасположен игра на средбата, додека Антиќ за 17 минути на паркетот уфрли 5 поени, 3 скока и 1 асистенција.

Facebook Коментари