Антиќ „згрме“ по лекцијата од Барселона: Наваро на 37 години ни покажа што треба да се прави на теренот!

pero-vika

Барселона ја прегази Црвена Звезда на вчерашниот меч во Евролигата со преубедливи 88:54, тежок пораз кој секако предизвика негативни реакции во составот на српскиот шампион кој едноставно има премногу осцилации во играта оваа сезона.

Подмладениот состав на Звезда предводен од нашиот Перо Антиќ како еден од најискусните не можеше во ниту еден момент да и парира на Барселона, а токму македонскиот центар беше најкритичен и во изјава за „Блиц“ им даде еден пример на своите млади соиграчи.

– Сите играчи треба да се погледнат во огледало и грешките да ги бараат кај самите себе. Сите, и тоа започнувајќи од мене, па се до најмладиот. Мора да се погледне цел натпревар, така е најдобро да бидете самокритичен и само така ќе му се помогне на тимот. Сите играчи сме виновни за ова што се случи, на теренот бевме катастрофа. Стручниот штаб одлично ја подготви тактиката, но ние ништо не спроведовме на терен. Останавме долго во соблекувалната по мечот, си извинивме и сега треба да извлечеме поука од сето ова. Ако не го направиме тоа, тогаш ќе имаме голем проблем, – порачува Перо кој го посочи 37-годишниот ветеран Хуан Карлос Наваро како пример за младите.

– Наваро ни покажа како може на 37 години да трча и да игра пресинг по цел терен. Тоа треба да го гледаат младите играчи и да учат. Одиме понатаму, ова да ни биде школа. Уште на следниот тренинг мора да го промениме ставот, – заклучува Антиќ.

Facebook Коментари