Антиќ за проблемот кој го има откако се врати во Звезда: Мора да одам на психијатар

pero-makabi

Перо Антиќ имаше двојна причина за радост изминатава вечер, од една страна поради тоа што Црвена Звезда успеа да го победи Макаби во Белград, а од друга страна поради тоа што стигна до јубилејниот 100-ти меч како член на „црвено-белите“.

Феноменалниот македонски кошаркар не го криеше задоволството по крајот на мечот и за српските медиуми одново даде низа интересни одговори, а сепак највпечатлив е оној поврзан за проблемот кој го има откако се врати во Звезда. Антиќ има проблеми со стекнување на лични грешки во раните фази од натпреварите што го тера тренерот повеќе да го чува, а Македонецот во свој стил со шеговит тон порача дека има уникатно решение за тоа.

– Треба да одам на психијатар. Во жарот на играта се прават грешки, ќе гледам следниот пат да не потклекнам, – истакнал Антиќ кој во продолжение ги испофалил и младите играчи за карактерот кој го покажаа во драматичната победа од 87:84.

– Покажуваме карактер како тим. Сите играчи, и оние најмладите. Ова е голема победа за нивна самодоверба. Сега треба да продолжиме да играме добро и во АБА лигата, и тоа натпреварување е наша цел, – завршил Перо.

Facebook Коментари