Антиќ втор стрелец, Звезда со пресврт до победа во Лакташи

pero odbrana

Кошаркарите на Црвена Звезда многу потешко очекувањата дојдоа до 18 победа во 21. сезонски натпревар во АБА регионалната лига.

Бранителот на трофејот три четвртини беше во негатива на гостувањето кај Игокеа за да во завршниот период се стегне и со 22-11 дојде до триумф од 82-76. Плејмејкерот Рочести со 23 поени, 2 асистенциии и исто толку освени топки беше најпозитивен лик во редовите на победникот за кој искусниот македонски интернационалец Перо Антиќ беше втор стрелец со 11 поени и 7 скокови.

Кај Игокеа прво име беше Јевтовиќ со 17 кошеви и 5 скокови. Во последното 22. коло од регуларниот дел Перо и соиграчите се домаќини на Цибона.

Facebook Коментари