Антиќ во елемент, Будуќност го доби дербито во АБА лигата

Antic-Buducnost

Црногорскиот првак Будуќност вторпат сезонава ја победи Црвена Звезда (92:86) во АБА лигата и сега е осамен на врвот во регионалната кошаркарска лига.

Интересниот натпревар во салата „Морача“ им припадна на домаќините кои подобро се снајдоа во завршницата во која не ја испуштија предноста и стигнаа до толку посакувната победа против големиот ривал.

Нашиот Перо Антиќ постигна 14 поени за нецели 18 минути на теренот, а имаше и 6 скокови и 2 асистенции, заокружувајќи го својот одличен настап на средбата која сепак неговиот тим не успеа да ја добие. Најефиксаен кај гостите беше Рочести со 19 поени, додека во редовите на Будуќност Ивановиќ постигна 18, а Гибсон 17 поени.

Facebook Коментари