Антиќ и соиграчите од Црвена Звезда на чекор до титулата во Србија

Antic-Cedevita1

Перо Антиќ немаше добар поентерски натпревар, но неговиот настап на дуелот меѓу ФМП и Црвена Звезда повторно им помогна на „црвено-белите“ да остварат победа.

Звезда победи со 68:62 на гостински терен и веќе води со 2:0 во финалната серија на плеофото на српската кошаркарска лига, па веќе на следниот натпревар пред своите фанови ќе може да ја потврди титулата.

Антиќ постигна само 1 поен од слободно фрлање откако промаши четири обиди за три поени, но затоа забележа и 5 скокови и по 1 блок и асистенција. Најефикасен во редовите на Црвена Звезда беше Фелдин со 24 поени.

Facebook Коментари