Поврзете се со нас

Македонија

Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!

Објавено

на

Перо Антиќ извршува одговорна функција во македонската кошаркарска Федерација и говореше на оваа тема во интервјуто за „Еурохупс“, но покрајр тоа што нагласи дека главна задача му е да постави добра база за новите генерации, легендарниот центар испрати совет и до сите млади играчи.

Во интервјуто со новинарот, Антиќ им препорача на младите кошаркари да не гледаат НБА лига ако сакаат да продолжат да се градат во сите елементи, бидејќи актуелната игра во Америка со шутеви од дистанца дава лажна слика за суштината на кошарката.

– Им порачувам да престанат да гледаат НБА лига. Да почнат да ја гледаат кошарката како игра. Со напорна работа можеш да стигнеш до НБА лигата, но кошарката е многу повеќе од шутирање од девет метри и забивања со 360 степени. Тие мора да ја сакаат играта и да не мислат на финансии. Да покажат љубов кон играта и да прогресираат секој ден, – порачува Антиќ, кој како најдобар пример го дава Никола Јокиќ.

– Неодамна зборував со Јокиќ. Тој игра со срце и не му е гајле за парите. Ако имате талент и напорно работите, парите сами ќе дојдат. Тој ја сака кошарката и ужива додека игра. Истото важи и за Лука Дончиќ.

– На Јокиќ би му дал оценка 10 од 10. Што да се каже, тој е МВП. Мислам дека игра со 50 проценти, ако вложи 100 проценти, кој може да замисли што би се случило, – вели Антиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни