Поврзете се со нас

Свет

Антиќ со последно збогум до легендарниот Дуда Ивковиќ (Фото)

Објавено

на

Српската јавност ова утро со огромна жалост пренесе дека Душан Ивковиќ починал на 77-годишна возраст во една од болниците во Белград, вест која ги растажи искрените кошаркарски фанови, но и големите ѕвезди кои во кариерата соработуваат со стручњакот и лично го познаваа како личност.

Еден од нив е и нашиот Перо Антиќ, актуелниот претседател на Македонската Кошаркарска Федерација кој во својата богата играчка кариера, освои еден важна титула токму со трофејниот српски стручњак.

Дуда и Перо соработуваа заедно во Олимпијакос и ја освоија Евролигата во 2012-та година, а со оглед на блискоста која ја имаа во тој период, Антиќ брзо реагираше на социјалните мрежи за жалната вест која пристигна од соседството.

– Ти благодарам на сè тренеру… Почивај во мир, Дуда, – порача Антиќ во своето последно збогум до тренерот.

Ивковиќ во два наврати ја освои Евролигата со Олимпијакос, но огромни успеси оствари и како селектор, бидејќи стигна до злато како предводник на Југославија на европските првенства во 1989 и 1991 година, како и на светското првенство во 1990 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни