Поврзете се со нас

Европски првенства

Антиќ со порака до репрезентативците: Глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ја очекува историски настап на Европското првенство, прво наше учество на големите натпреварувања.

Ова дефинитивно е настан кој со нетрпение го очекува целата македонска јавност, па во пресрет на дуелите против Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и Амстердам се загрева атмосфера, се враќаат пораки на поддршка со надеж дека ќе се престават во најдобро светло.

Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ беше гостин на ФФМ и таа прилика ја искористи за да испрати директна и јасна порака до четата на Игор Ангеловки:

-Македонските фудбалери заслужуваат се најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот, -истакна Перо кој многу добро знае што значи да се играат важни натпревари на најголемата спортска сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни