Репрезентација
Антиќ реизбран за претседател: Денеска го стартува вториот мандат како прв човек на македонската кошарка

Перо Антиќ со своите изданија на теренот се погрижи да има посебно место во историјата на македонската кошарка, но по крајот на играчката кариера, ја доби и најголемата одговорност.
Првиот мандат на поранешниот центар како прв човек на македонската кошарка истекуваше денеска, но на годинешното Собрание кое беше одржано во „Александар Палас“, Антиќ беше реизбран за претседател.
Тоа значи дека Антиќ ќе биде предводник на македонската кошарка уште најмалку четири години, а во вториот мандат главна цел ќе му биде да се надоградат започнатите проекти од првата.
Антиќ немаше против-кандидати на денешното Собрание и уште на самиот старт беше јасно дека ќе продолжи со претседателската функција, нешто што стана официјално по гласањето.
Од 41 присутен делегат, дури 40 му изгласаа доверба на поранешниот кошаркар на Олимпијакос, Фенербахче, Атланта и Црвена Звезда, кој на првото обраќање нагласи дека ќе продолжи напорно да работи за развој на македонската кошарка и во иднина.
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 24 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 20 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 19 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 21 час
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…