Антиќ посочи кои навивачи му се во срцето и заигра оро (Видео)

Pero Antic 1

„Cool EuroLeague“ е ЈУТУБ канал на Евролигата и секогаш претставува кошаркари на различна тема. Овој пат дојде ред на Перо Антиќ кој го објасни целиот концепт и ривалството меѓу Црвена  Звезда и Партизан која предизвика голем интерес кај водителот.

– Да бидам искрено многу е различно од  НБА.Кога има натпревар меѓу Звезда и Партизан, тоа е комплицирано малку,  како воена зона. И плус е опасно. Можеби не е како во Турција или Грција, каде што нема дозвола навивачите на двата клуба да се во иста сала заедно. Во Србија сепак тоа е дозволено, а да бидам искрен уживам да играм во таква атмосфера. Тоа како да ми дава дополнителна мотивација. Тоа е нешто најубаво да се игра во таква атмосфера и не верувам да има играч кој не би бил мотивиран да се натпреварува во таква атмосфера, – изјави Антиќ.

Навивачките групи на Црвена Звезда, Олимпијакос и Фенербахче ги посочи за најдобри и потенцираше дела секогаш ќе има место во неговото срце за нив.

На крај, во своето излагање ја претстави Белградската „Штарк арена“ каде во периодот од 18. до 20 мај ќе се одржи завршницата од Евролигата и одигра и едно оро каде се пожали дека тој дел не му иде баш најдобро.

Facebook Коментари