Антиќ и Поп Ацев се спортисти на годината за „Дерби“

sng 2017

Кошаркарот Перо Антиќ и пливачот Евгениј Поп Ацев се најдобрите спортисти во Македонија за 2017 година во четвртиот избор на спортскиот портал „Дерби“.

Традиционално, „Дерби“ прогласува еден спортист од екипните спортови и еден спортист од поединечните спортови. Перо Антиќ беше прогласен за спортист на годината и лани кога беше дел од тимот на Фенербахче кој играше во финалето на Евролигата, а бидејќи оваа година истата ја освои по трет пат во својата кариера, мнозинството на редакцијата го даде гласот за него како најдобар од екипните спортотви. Тој имаше 31 настап со просечен учинок од 4,2 поени и 2,4 скокови, а токму четири поени постигна и во финалето против својот некогашен клуб Олимпијакос.

Евгениј Поп Ацев го дели првото место во Светската серија за маратонско пливање, каде што беше прв и во 2015 година, овој пат наследувајќи го ланскиот освојувач на истата, Томи Стефановски.

Поранешни освојувачи:

2017 Перо Антиќ (кошарка) и Евгениј Поп Ацев (пливање)

2016 Перо Антиќ (кошарка) и Томи Стефановски (пливање)

2015 Кирил Лазаров (ракомет) и Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам)

2014 Кирил Лазаров (ракомет) и Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам)

Facebook Коментари