Антиќ нема да игра за Македонија: Тие го ставаат моето име на списокот само…

pero

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков во понеделник ќе ја има првата прозивка на која јасно ќе види кои играчи ќе ги има на располагање за двата меча против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Едно работа е веќе сигурна, Перо Антиќ нема да биде дел од „црвено-жолтите“, поточно нема да направи кам-бек во националниот тим иако таква можност беше најавена во текот на летото кога Македонија играше претквалифкациите за пласман на Светското првенство во 2019 година.

-Јас се повлеков на 30 години. Тие го ставаат моето име на списокот (ова е поширокиот список) зошто тие сакаат…нешто да докажат, -изјави Антиќ за „Јурохупс“

Перо воедно посочи и дека сака да го виде Лестер Бо Мекејлеб на финалниот список од тројцата Американци на кој се уште Ричард Хендрикс и Џордан Теодор.

-Сакам да го видам Мекејлеб во финалниот избор. Тој многу придонесе за националниот тим на земјата- истакна членот на Звезда додавајќи.

-Ова е можност, тие треба да ги употребат младите таленти, -порачал ветеранот.

Facebook Коментари