Македонија
Антиќ најави: Првата македонска лига ќе добие генерален спонзор

Перо Антиќ ова попладне беше избран за старо-нов претседател на македонската Кошаркарска Федерација, откако доби доверба од 40 делегати кои беа дел од изборното годишно Собрание.
Првиот човек на Федерацијата останува лидер на проектот кој го започна пред четири години, па сега ќе раководи најмалку уште толку, а самиот Антиќ на воведното обраќање посочи дека прва цел ќе биде да го осигура спонзорот кој значително ќе им ја олесни работата на прволигашите.
Целта е Првата македонска лига да добие генерален спонзор, а според најавите на Антиќ, зделката треба да се кристализира и комплетира во наредните неколку дена.
– Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ветувам дека ќе работиме уште понапорно во периодот кој што следува. Веќе работиме на тоа да обезбедиме нови спонзори. Верувам дека ќе бидете пријатно изненадени, посебно прволигашите. Конечно, онака како што беше поставено во програмата, ќе добиеме спонзор на првата машка кошаркарска лига. Клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци и очекувам дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена, – изјави Антиќ.
По добиената доверба, претседателот го објави и списокот на членови кои ќе бидат дел од Управниот одбор. Покрај стандардните Стојмир Дејановски, Јордан Цветановски, Енвер Мифтари, Владимир Огњановски и Александар Јончевски, во новиот тим за наредните четири години се и Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)