Антиќ: Ќе се вратам во репрезентацијата, но само во еден случај

pero-makedonija

Перо Антиќ е навистина актуелен во српската спортска јавност на почетокот на новата 2018 година, па така по опширното интервју за „Блиц“, ова утро интервју со македонскиот кошаркар беше објавено и од страна на „Спорт Клуб“ во кое меѓу другото, играчот на Звезда зборува и за неговото евентуално враќање во репрезентацијата.

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација во овој момент не размислува да се врати во најсилната селекција, а како причина за тоа го наведе Пеце Наумоски и актуелното раководство на МКФ со кое очигледно и натаму е во жестока „војна“ без разлика на тоа што од истото беше прогласен за најдобар кошаркар во 2017 година.

– Да почекаме да видиме што ќе се случи со раководството. Се додека е истото раководство, јас не ни размислувам за враќање во репрезентацијата. Иако станува збор за претставување на мојата земја, тоа раководство само чека да направи некој проблем, гледа како да ги лечи своите комплекси. Ја растурија хемијата која ја красеше македонската репрезентација, така што сега за сега, ситуацијата е статус-кво. Што се однесува до наградата, им благодарам. Ете им ја оставив да си ја чуваат, – истакнува Антиќ кој не дојде да ја подигне наградата за време на доделувањето.

Facebook Коментари