Антиќ ја отвори сезоната на свадби: Стана кум и го одврза ,,ќесето” (Фото)

Pero Antic

Како што се затопли времето, така започна и сезоната на свадби. А за тоа сведок е и македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ кој заедно со неговата сопруга ја отворија сезоната на свадби.

Тие беа кумови кај своите пријатели Ела и Горан, а очигледно е дека кумот го има и дебело одврзано ќесето.

Инаку, Горан кој е тренер во КК Работнички и селектор на кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија, со Антиќ се пријатели уште од детството од времето кога играа во младинските категории во Македонија.

Кумови 😍

A post shared by Ruzica Antic (@ruzicaantic) on

Facebook Коментари