Антиќ ја освои шампионската титула со Црвена Звезда

pero zvezda

Перо Антиќ и неговиот тим Црвена Звезда и официјално ја одбранија титулата во српското кошаркарско првенство, победувајќи го ФМП Железник и во третиот натпревар од финалната серија на плејофот.

Фаворитот славеше на домашен терен со 97:88 и го доби финалето со 3:0, со што стигна до уште една шампионска титула во српското првенство.

Антиќ одигра помалку од 12 минути на теренот и постигна 3 поени, забележувајќи уште 3 скока и 1 асистенција. Најефикасен во редовите на шампионот беше Ален Омиќ со 20 поени, а центарот подоцна беше прогласен и за МВП на финалната серијата.

Со оваа титула, македонскиот интернационалец во својата успешна кариера има шампионска титула во Србија, Бугарија, Турција, Грција и дури три во Евролигата.

Facebook Коментари