Поврзете се со нас

Свет

Антиќ и Мекејлеб добија место во „дрим-тим“ петорката на ФИБА

Објавено

на

Поранешните македонски репрезентативци, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб се најдоа во „дрим-тимот“ на ФИБА составен од селекции од делови од Европа кои не се меѓу најдобрите во изминатите 20 години.

Антиќ и Бо беа меѓу најзаслужните за историскиот успех на Македонија на ЕП во 2011 година во Литванија кое го завршивме на 4 позиција, а тоа фановите не го забораваат и ги сместија нашите репрезнетативци во идеалната петорка.

За жал во „петката“ немаше место за Владо Илиевски кој исто беше номиниран, односно најдобрите од „остатокот до светот“ ги заокружија Јон Стефансон од Исланд, Адам Ханга од Унгарија и Босанецот Мирза Телетовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни