Поврзете се со нас

Македонија

Антиќ го исмеа МЗТ Скопје во одговорот до нив: „Барателот не знае точно што бара“

Објавено

на

blank

Откако МЗТ Скопје се закани со кривична пријава за претседателот на кошаркарската федерација, Перо Антиќ, денеска легендарниот кошаркар им врати со официјален допис, откако претходно одговори и преку медиумите.

Антиќ во свој препознатлив стил, бескомпромисно и директно, како што тоа го правеше и во претходните преписки, со избрани зборови ги „спушти на земја“ своите тужители.

– Барањето е целосно конфузно и нејасно по кој основ се бара враќање на уплатените парични средства. Дали затоа што отпаднал основот за уплата на истите, дали затоа што е сторена измама од некого или затоа што била злоупотребена службената положба?!?!?

Во натамошниот дел тој наведува дека дописот на „штрковите“ го доживува поинаку, а не како барање на поврат на средства, но не се произјаснува јасно дали е тоа политички притисок или закана по неговата функција.

– Во услови кога самиот барател не знае точно што бара и во барањето наведува работи кои меѓусобно немаат никаква врска, зборува дека ова барање е целосно паушално, неосновано и служи за сосема други цели, а не за евентуално регулирање на било какви правни односи меѓу субјектите,- вели Антиќ во дописот до МЗТ Скопје.

На крајот од дописот, Антиќ ја потсетува другата страна дека лажното поднесување на кривична пријава е исто така кривично дело по член 366 од Кривичниот закон, за кое се гони по службена должност и за што следи затворска казна од 3 месеци до 3 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни