Антиќ доби скокотливо прашање во врска со неговата кариера, а тој во негов стил му одговори на новинарот

pero

Перо Антиќ и неговиот тим Црвена Звезда и официјално ја одбранија титулата во српското кошаркарско првенство, победувајќи го ФМП Железник и во третиот натпревар од финалната серија на плејофот. Фаворитот славеше на домашен терен со 97:88 и го доби финалето со 3:0, со што стигна до уште една шампионска титула во српското првенство.

Антиќ одигра помалку од 12 минути на теренот и постигна 3 поени, забележувајќи уште 3 скока и 1 асистенција. Најефикасен во редовите на шампионот беше Ален Омиќ со 20 поени, а центарот подоцна беше прогласен и за МВП на финалната серијата. По завршувањето на мечот, Антиќ како и секогаш одвои време за новинарите со кои ги размени импресиите од оваа сезона во дресот на ,,црвено-белите”. Тој изјави дека едно нешто му е послатко од  11. евролигашки победи оваа сезона, а тоа e шампионскиот трофеј со Звезда.

– Напорно трениравме и игравме за да на крајот имаме една успешна сезона зад нас. Сега следно е да одмориме и да прославиме. Во однос на тоа што ќе биде понатаму, има време, допрва ќе видиме. А што се однесува за 11 победи во Евролигата, шампионскиот трофеј ми е подраг зошто секогаш се памти, изјави Антиќ.

На крај еден од новинарите го праша незгодно прашање за крајот на неговата кариера, на кое Антиќ секогаш во негов стил одговори:

– Ете почна со лоши прашања, – по што со насмевка отиде да ја прослави шампионската титула.

Со оваа титула, 35-годишниот македонски интернационалец во својата успешна кариера забележа шампионска титула во Србија, Бугарија, Турција, Грција и дури три во Евролигата.

 

Facebook Коментари