Поврзете се со нас

Балкан

Антиќ доби аплаузи и овации од навивачите на Олимпијакос (ВИДЕО)

Објавено

на

Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ беше дел од вечерашната свечена церемонија во Пиреја во која беше повлечен дресот со бројот 15, дрес кој долги години го носеше легендариот Јоргос Принтезис.

Олимпијакос одлучи да му се поклони на Јоргос, да му се заблагодари за се што направи во двата мандати и да го „пензионира“ дресот со број 15, поточно Принтезис стана вториот играч по Василис Спанулис кој доби ваква чест.

Меѓу оние кои беа присутни беше и Антиќ кој е добар пријател со Гркот, а нашата легенда беше дочекана со аплаузи и овации од навивачите во арената „Мир и пријателство“.

Инаку Јоргос и Антиќ заедно освоија две евролигашки пехари со Олимпијакос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни