Антиќ и Црвена Звезда со клупски рекорд до победа над Валенсија

pero-soigraci1

Црвена Звезда ја совлада Валенсија (106:90) во рамките на кошаркарската Евролига и стигна до единаесеттата победа сезонава во најелитното европско натпреварување, а Перо Антиќ повторно имаше важна улога во играта на српскиот првак.

„Црвено-белите“ ја направија решавачката разлика во третиот период и потоа рутински стигнаа до триумфот, а поставија и нов клупски рекорд за постигнати поени во Евролигата.

Антиќ постигна една тројка и го заврши натпреварот со 3 поени, но имаше и 5 скокови и 2 асистенции на оваа средба. Најефикасен во неговиот тим беше Фелдин со 30 поени.

Facebook Коментари